„Гучи“ ги распродаде искинатите хулахопки кои чинеа дури 190 долари

Отсега, доколку ги скинете вашите хулахопки, не фрлајте ги – наместо тоа гордо продолжете да ги носите бидејќи тоа е знак дека ги следите модните трендови.
Тоа е отприлика она што модниот гигант „Гучи“ сака да нѝ го порача. Откако оваа модна куќа претстави модел на хулахопки дизајнирани да изгледаат како да се искинати, „Гучи“ се најде на мета на критики. Но, хулахопките не само што одлично се продавале туку и – целосно се распродале.
Се чини дека за овие фамозни хулахопки важи изреката дека „секое парче има свој купувач“ бидејќи тие повеќе не можат да се најдат во понудата на веб-страната на модниот бренд.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Diet Prada ™ (@diet_prada)


За работите да бидат уште поинтересни, нивната цена не била воопшто занемарлива – тие изнесувале 190 долари, цена која крена прилично голема прашина на интернет.
„Имам прашање за оние кои платиле 190 долари за искинатите хулахопки на „Гучи“: Дали сте добро?“, стои во описот на фотографијата на Инстаграм.
Уште поголем апсурд е што хулахопките биле поскапи од поединечни парфеми на овој бренд, па дури и нараквиците со логото на „Гучи“.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.