ДАЛИ Е ОВА ПОЧЕТОК НА ЕНЕРГЕТСКАТА ВОЈНА? По „Северен тек“ на ред дојде Данска „Намерно е направено“

Данската премиерка Метер Фредериксен денеска изјави дека нејзината влада смета дека истекувањето на гас од дански остров во Балтичкото Море е „намерна акција“.

ДАЛИ Е ОВА ПОЧЕТОК НА ЕНЕРГЕТСКАТА ВОЈНА? По „Северен тек“ на ред дојде Данска „Намерно е направено“

На прашањето дали станува збор за напад врз Данска, Фредериксен одговори дека истекувањето се случило во меѓународните води и дека „одговорот затоа е не“.

Експлозии го потресоа Балтичкото Море пред да биде откриено необично истекување на два гасоводи што минуваат под вода од Русија до Германија.

Некои европски лидери и експерти укажуваат на можна саботажа за време на енергетскиот конфликт со Русија предизвикана од војната во Украина.

Данскиот министер за одбрана Мортен Бодсков в среда ќе отпатува за Брисел за да се сретне со шефот на НАТО Јенс Столтенберг за да разговара за истекувањето на гас.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.