Дали Мицковски ќе биде херојски соучесник во предавството на Македонија?

Поминува речиси една недела од кога Зоран Заев во својство на претседател на Владата на Република Македонија обзнани дека името ќе биде променето во Северна Македонија за севкупна употреба, со сите идентитетски додавки и дообјаснувања. Но тоа е очекувано од Заев, тој за тоа е ставен да биде премиер.
Но, сите се прашуваат каде е ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски, освен тоа што одржа една прес-коференција со повисок тон како некој изнервиран дечко кој му ко украле новиот автомобил. Но на таа иста прес-конференција имаше едно поставено прашање: Како ќе гласа Мицкоски на евентуалниот референдум? Мицкоски јасно одговори дека ќе гласа против. Мицкоски ќе гласа против??? Значи ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржи референдумот за тој едноставно да успее? Мицкоски за во недела закажа прослава на роденденот на ВМРО-ДПМНЕ во Битола, но потоа се предомисли и потоа тоа го нарече протестен марш. Повикува народ, членови ќе протестирале сега за името, луѓе чекајте па нели роденден ќе славевте. Ова му доаѓа повеќе дека Мицкоски сака да се прошета по Широк Сокак па си бара повод, де роденден, де протест, најважно е да е Битола и Широк Сокак. Па добро де таму излегуваат најубавите девојки тоа сите го знаеме, а Мицковски прво во колоната другите ќе трчкаат по него.
Од другата страна една денела се протестира пред собранието на Република Македонија таму се Солза Грчева, Љупчо Палевски, Миленко, Пандов, Филип Петровски и други видни и обични граѓани. На протестите доаѓаат и професори, адвокати, доктори, навивачи, новинари и други… нека ми простат сите што не се спомнати. Но таму не доаѓа Мицковски и неговото раководство, се прашувам зошто?
На тоа прашање следи и одговорот на новинарското прашање: Како ќе гласа Мицковски на евентуалниот референдум. Одговорот е јасен ќе гласа против.
Партијата сеуште нема став освен тоа што го повторуваат како расипана плоча “Ние сме против промена на уставот со цел промена на уставното име” и што после тоа?
После тоа одиме на референдум гласаме против, референдумот добива легитимитет а Македонија не постои. Дали Мицковски ќе биде херојски соучесник во предавството на Македонија?

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.