ДАНЕЛА АРСОВСКА: Живееле во Германија, а земале плата ТУКА!

Нормално е да има отпор кога има системски решенија кои не им одговараат на двете најголеми политички партии, вели градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска во денешното гостување во емисијата “Стадион 10”.

– Сакаме систем во кој што повеќе нема да има луѓе што не одат на работа, а се за тоа платени. И гледате има огромен отпор, луѓе преземаат се можно против овој град затоа што сакаме да овозможиме доколку луѓето одат на работа да си бидат за тоа платени и да ја дадат најдобрата можна услуга за граѓанинот.

Граѓанинот да не чека по шалтерите, да не чека со денови, да има љубезен човек спроти себе. И оние луѓе кои работат во градската администрација и во јавните претпријатија треба да бидат на висина на задачата.

Ама се соочивме со луѓе кои или не работат, или воопшто не одат на работа, а земаат плата. Детектирвме дури луѓе што живеат активно во Германија, воопшто не се вратени во Македонија, а земаат плата. Тие работи ние ги прекинавме сега и нормално е дека отпорот е голем.

Цели партии таму си го вработувале сопственото членство и имало некој клуч по кој тие луѓе влегувале таму, сега веќе го нема тоа, пред се ќе треба да одат на работа и да си ја заработат платата, нагласи Арсовска.

Градоначалничката посочи дека ова треба да биде политика на сите институции низ државата и дека и граѓаните треба да го поддржат тој процес.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.