Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, е избрана за член на Управниот одбор на Глобалниот парламент на градоначалници.
Како што соопшти Град Скопје, Арсовска е избрана на Генералното собрание на кое присуствувале градоначалници од Америка, Европа, Азија, Блискиот исток и Африка.
- Дали знаете што е „теорија на кутии“? Трендот во машко-женските односи ги запали мрежите
- (Видео) Фрчкоски: Мицкоски го копира Вучиќ, кога нема одговори за „Алта банка“, се заканува на СДСМ
- Велешанецот со „кубанската вакцина“ добил забрана за напуштање на живеалиштето
- Судот во Луксембург пресуди во корист на руската компанија
- Овој чај го штити срцето: Луѓето кои го пијат редовно имаат помал ризик од сериозни болести
- Доаѓа младата месечина во Шкорпија: 9 ноември е клучен – 3 знаци очекуваат нов почеток
- Белгиската полицијата ќе врши претреси во домовите на мигрантите
- Никој не ѝ верува колку години има: Дури и кога ќе ја покаже својата лична карта, луѓето се шокирани
- Google се сеќава што сте правеле со години: Еве како да ги избришете сите траги од вашите пребарувања
Управниот одбор, како раководно тело на Глобалниот парламент на градоначалници има за цел да одлучува за стратешките насоки, политики и заложби на градоначалниците, и преку вмрежување да делува со конкретни заеднички проекти кон овозможување поголема инклузивност и одржливост на градовите на глобално ниво, велат од Град Скопје.
Арсовска учествуваше на глобалниот настан за градоначалници „СитиЛаб 2023“ во Вашингтон во организација на „Блумберг“. За време на посетата, Арсовска остварила средби со градоначалници од САД, креатори на политики, експерти и иноватори посветени кон изнаоѓање решенија за справување со предизвиците со кои се соочуваат градовите.
Пронајдете не на следниве мрежи:



