Илир Демири, пратеникот кој од викендов е најави дека ќе настапува независно, за ТВ 24 вели дека идејата му е да почне процес кој што ќе заврши со обединување на крилата на Зијадин Села, Арбен Таравари и Арбен Фетаи.
„Мојата идеја е исклучиво племенита и ги повикувам сите пратеници кои се од Алијанса за Албанците, од сите крила да ми се приклучат да направиме една пратеничка група, која ќе направи Конгрес на кој ќе си решиме проблемите. Наместо да се судиме, да си ја консолидизираме партијата за да бидеме опција за граѓаните, кои на овие избори ни пратија сериозна порака, вели за ТВ 24 Демири.
Демири е вториот функционер од АА крилото на Села кој после изборите презема чекор кој ја бранува политичката сцена. Пред извесно време од партијата се повлече и поранешниот министер за правда и генерален секретар Кренар Лога.



