Денес ВМРО-ДПМНЕ ќе бара оставка од Заев, техничка Влада и распуштање на Собранието

Денес во Собрание пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ  ќе поднесе барање за оставка на премиерот Зоран Заев, формирање техничка влада и иницијатива за распуштање на Парламентот.

Ова го најави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по седниците на Извршниот и Централниот комитет на партијата.
– Велеа сме барале избори, а сме молеле Бога да не добиеме. Нека видат сега граѓаните кој е „за“, а кој моли Бога да не ги добие, рече Мицкоски, додавајќи дека со тоа сакаат да го спречат пеколниот план за уништување на Македонија, и дека има време и за реформи и за корекции.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.