Десерт на денот: Чоколадна торта

Потребни состојки:
За лист
15 белки
12 лажици шеќер
15 лажици плазма
2 лажици какао
1 лажица брашно
Половина ќесичка прашок за печиво
Прв фил
4 лажици пудинг од чоколадо
1 л млеко
8 лажици шеќер
300 г чоколадо
Втор фил
15 жолтки
8 лажици шеќер
250 г маргарин


Начин на подготовка:
Изматете 5 белки и додајте 8 лажици шеќер, па изматете ги со миксер. Додајте 5 лажици мелена плазма, 2 лажици какао, 1 лажица брашно, половина ќесичка прашок за печиво и изматете со маталка.
Во тавче ставете хартија за печење и печете го листот 15 минути на 200 степени. Направете 3 листа.
За првиот фил: Сварете го пудингот со млеко и 8 лажици шеќер. Растопете 300 г чоколадо. Во ладниот фил додајте го чоколадото и соединете ги состојките.
За вториот фил: Изматете ги жолтките со 8 лажици шеќер и гответе ги на пареа, а откако ќе се излади филот изматете го со 250 г маргарин. Соединете ги двата фила во еден.
Ставете кора, па фил. Украсете по желба – може да ја украсите тортата со шлаг и со чоколадна глазура.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.