четврток, 12 ноември 2026
Најново

ДЕТАЛИ ЗА ПОЖАРОТ НА ВОДНО: Пожарникарите на терен

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Пожарот кој избувна на Водно наскоро ќе биде целосно изгаснет, вели командирот на скопската противпожарна бригада, Владимир Симоновски.
На терен интервенираат со три против пожарни возила и активно работат на целосно гаснење на пожарот и да не се дозволи негово проширување.
Локациски, пожарот е под местото „Марково крувче“, односно како што објасни Симоновски во долот под новиот пат за Сончев Град, Сопиште. Симоновски вели дека теренот е делумно пристапен со возило, а потоа продолжуваат пешки.
М-р Илија Бојаровски од Центарот за управување со кризи  истакна дека според последните информации со кои располага ЦУК, пожарот е локализиран и се работи на негово догаснување.

Поврзани вести