„Доказот дека Заев се уште ги држи конците во СДС се виде на роденденот на партијата“, велат од ВМРО

„Филипче, Димитријевиќ и СДС не се оградуваат и дистанцираат од Заев, напротив аплаудираат и се восхитуваат на неговата појава“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Човекот кој го смени името на државата, човекот кој местеше судии и обвинители, одлучуваше за судски предмети и постапки, човекот кој земаше евро за брат му и евро за црквата, човекот кој го уништи земјоделството, образованието, културата, човекот кој го оцрни образот, јазикот и идентитетот, аболицираниот криминалец Заев, дочекан од неговите лојалисти на чело со Филипче и Димитријевиќ како врховен лидер.

Заев не пет години, туку пет минути не е апстиниран од СДС и политиката, синоќа на роденденот на партијата дојде да покаже дека тој се уште е врховен лидер на СДС, и дека сите работат по негова насока.

Последно во низата е договорот со српската опозиција за формирање на фронт преку генералниот секретар на СДС, Димитријевиќ.

Се додека Заев е со СДС, тие немаат иднина. Граѓаните не забораваат“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
The post „Доказот дека Заев се уште ги држи конците во СДС се виде на роденденот на партијата“, велат од ВМРО appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: