Домашен бурек со готови кори

Сакате едноставен, а вкусен рецепт за бурек со готови кори? Тогаш сте на вистинското место. Овој рецепт од кујната на Давор, несомнено е еден од оние, кои освен што ќе го зачувате во вашиот тефтер со рецепти, редовно ќе им го приготвувате на најблиските.
Се подготвува буквално за 15 минути не сметајќи го времето за печење. Ако не сте љубители на урда и сирење, слободно може да користите друг фил.


Потребни состојки:
500 гр готови кори
200 мл минерална вода
100 мл масло за јадење
1 пакетче прашок за печиво
300 гр урда или дробено сирење
1 или 2 јајца
Сол по вкус


Начин на подготовка:
Намастете округла тава бр 32 со масло за јадење. Во длабок сад промешајте ја урдата, јајцето и сол по вкус. Во друг сад промешајте го маслото, минералната вода и пецивото.
Земете две кори и ставете ги во тавчето, така што краевите ќе висат надвор од тавата.
Пропрскајте со течноста од минерална вода и масло. Земете три-четири кори, стуткајте ги и ставете ги во средишниот дел од тавата. Пропрскајте со течноста и нанесете од филот со урда. Повторно стуткајте три-четири кори, ставете ги во средишниот дел и пропрскајте со течноста. Нанесете од филот и повторете се додека не ви останат две кори. Покријте го цело тавче со последните две кори, оставајќи ги краевите да висат надвор од тавчето. Превиткајте ги долните и горните краеви навнатре и полејте со преостанатата течност.
Печете во загреана рерна на 190 степени околу 30-40 минути, или додека не добие убава златно кафена боја.
Добар апетит и забавно готвење!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.