Домашна кремпита

500 г лиснато тесто
8 јајца
2 литри млеко
300 г шеќер
5 пудинга од ванила
250 г маргарин
1 шлаг крем од ванила
2-3 кесички ванилин шеќер
100 г шеќер во прав
Од едното парче лиснато тесто со сукалка развлечете кора и ставете ја во тава за печење. Избоцкајте ја со виљушка и печете 15 минути на 180 степени. И од второто парче лиснато тесто развлечете кора и ставете го иста толкава тава. Избоцкајте ја, исечете ја на парчиња и испечете ги.
Од млекото, шеќерот, ванилиниот шеќер, жолчките, пудингот и маргаринот сварете крем. Додадете ги изладените белки, промешајте и оставете да се излади.
Нанесете го кремот на кората од лиснато тесто, а врз него нанесете го изматениот шлаг крем. Наредете ги парчињата лиснато тесто и наросете со шеќер во прав.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.