Домашни еклери

ЗА ТЕСТО
300 мл вода
150 мл масло
150 г брашно
6 јајца
ЗА КРЕМ
1 литар млеко
200 г шеќер
125 г брашно
2 кесички ванилин шеќер
1 шлаг
100 мл млеко
ЗА ПРЕЛИВ
150 г чоколадо
1 лажица масло
Во тенџере на оган ставете ги водата и маслото да зовријат. Додадете го брашното и машајте со лажица додека тестото почне да се оделува од тенџерето. Тргнете од оган и оставете сосема да се излади. Едно по едно додадете 3 цели јајца и 3 белки, и матете со миксер додека се соедини смесата.
Со лажица земајте од смесата и ставајте во тава, прекриена со хартија. Обично излегуваат 25 форми. Печете 25 минути на 200 степени без да ја отворате рерната.
Во тенџере на оган ставете околу 700 мл млеко, 100 г шеќер и ванилиниот шеќер. Преостанатите 3 жолчки рамешајте ги со брашното и преостанатиот шеќер. Додадете ги во зовриеното млеко во тенџерето на оган и мешајте со лажица додека се згусне кремот. Оставете да се излади и соединете го со изматениот шлаг.
Изладените теста исечете ги на половина. На долните делови нанесувајте од кремот и прекривајте со горните делови од тестата. Чоколадото искршено на парчиња растопете го со маслото и нанесете го на еклерите.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.