ДОМАШНИ ПИЦА РОЛНИ, СЕ ПОДГОТВУВААТ ЗА МИГ

Рецептите за лиснато тесто се пригодни кога немате време да месите и сакате убави домашни пецива.
Земете лиснато тесто и направете ги овие супер ролни за пица! Можете целосно да ги прилагодите на вашиот вкус, да ги ставите во рерна и да имате топли пецива за само петнаесет минути.
Состојки:
Пакување од лиснато тесто
200 грама сирење
150 грама шунка или салама (по избор)
Грст маслинки
Оригано
Кечап


Подготовка:
Загрејте ја рерната на 200 степени, обложете ја тавата за печење со хартија за печење. Расукајте го тестото во дебелина од околу половина сантиметар, намачкајте со кечап, посипете оригано и потоа нанесете фил – рендано сирење, суво месо, сецкани маслинки … Секако, на пицата можете да ставите што сакате. како што се некои зеленчуци, разни деликатеси од суво месо, фета сирење, спанаќ, се што е важно овие работи да бидат ситно исецкани за да можете да го завиткате тестото.
Започнете од најдолгата страна и превртете го тестото. Потоа исечете го на два прста дебели, ставете ги ролатите на хартија за печење и печете додека убаво зарумени. Послужете ги топли!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.