вторник, 24 ноември 2026
Најново

ДУИ на претседателски избори ќе оди со свој кандидат

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

На синоќешната седница во партиското седиште во Мала Речица членовите на Централното претседателство на ДУИ едногласно донеле одлука на претстојните претседателски избори партијата да оди со свој кандидат.
Ова била првата точка на синоќешната седница на Претседателството, а како дополнение на оваа своја одлука ова партиско тело на ДУИ донело одлука да го овласти нивниот претседател, Али Ахмети да разговара и со политичките партии на Албанците, но и со другите политички партии од другите етнички заедници за заеднички кандидат доколку се создадат услови за тоа, информираше портпаролот на ДУИ, Бујар Османи.
Дали консензуалниот претседател беше само шпекулација или нешто се случува во коалицијата на власт останува да видиме. А, од друга страна пак, во игра останува и опцијата по разговорите на претседателот на ДУИ, Али Ахмети доколку не се договори со партиите на Албанците сепак да се постигне договор со СДСМ.

 

Поврзани вести