Д-р Беќаровски: Во време на СФРЈ, водоводите беа под постојан воен надзор и секое неовластено приближување до нив најстрого се казнуваше

Доктор Нико Беќаровски, во објава на Фејсбук потсети на времињата кога во поранешна СФРЈ во училиштата се учело дека јавните водоводи и извори се општествно богатство и дека претставуваат висок ризик за тероризам и диверзии.

Како што раскажува тој, во тоа време ваквата инфраструктура била под постојан воен надзор и секое неовластено приближување до нив било најстрого казнувано.

За разлика од тогаш, Беќаровски пишува дека денес со водоводите управуваат нови генерации кои не знаат ниту да се извинат кога ќе направат грешка.

„Ние “метузалемите” од бившиот систем имавме предмет ОНО и ОСЗ (општонародна одбрана и општествена самозаштита). Во тој предмет меѓудругото учевме дека јавните водоводи и извори се општествено богатство и преставуваат висок одбранбен ризик за тероризам и диверзии. Сите беа под постојан воен надзор и секое неовластено приближување до нив најстрого се казнуваше како обид за диверзија и масовен геноцид. Сега со водоводите управуваат “неки нови клинци” кои кога ќе направат невидена глупост, не знаат дури ни да кажат “сори бат се стори”. Веќе ни “ладна чешмовача” не е тоа што беше“, пишува во објавата на докторот Беќаровски.

Пронајдете не на следниве мрежи: