Д-р Даниловски: Вирусот се одржува во воздухот дури 3 часа, се шири и аерогено

Поранешниот министер за здравство и еден од признатите епидемиолози во земјава проф. д-р Драган Даниловски на својот фејсбук објави ново „важно“ сознание за ширењето на кронавирусот.

Вирусот се одржува во воздухот дури 3 часа! Значи, се шири и аерогено (низ воздухот)! Досега се сметаше дека тоа е малку веројатно.
Ова најново сознание, од една страна, ја објаснува „филмската“ брзина со која се рашири низ светот, а од друга страна, значи итно менување на стратегијата за лична заштита! Веќе не знаете кој поминал пред вас по улица. И дали, можеби, нема да поминете низ облак од вируси, кои си лебдат во воздухот цели три часа. Особено ако времето не е ветровито…
Затворени простории не треба ни да спомнеме…
Значи, седете дома уште поригорозно. И носете маски, какви-такви, дури и кога одите по улица.
Ова не значи дека ви се забранети прошетки низ природа! Напротив! На организмот му е потребен свеж воздух. Но, одберете место кајшто нема луѓе или ги има многу малку. И проветрувајте ги што почесто просториите на својот дом…

ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ НА ТЕМА:

Најдоа ли лек за КОРОНА ВИРУСОТ во Русија?

Повеќе информации и анкети можете да најдете на нашата Фејбук страница!!! клик на сликата 

Радио станици на Пулс24

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.