Евгенија во најубавото издание што сме ја виделе – сопругата на Вело Марковски ги шармираше сите со ова хит здолниште!

Младата сопруга на Вело Марковски, Евгенија Марковска, пред само неколку дена не изненади со фустанот од џинс, но и овој пат, на промоцијата на песната „Стојан војвода“.

Имено, поранешната манекенка изгледа феноменално што и да облече, а со ова здолниште дефинитивно блескаше.

Цветните дезени ги освојуваат дамите ширум светот и оваа сезона, а тоа многу добро го знаат познавачите на мода.
Токму затоа и во продавниците секогаш можете да најдете неколку парчиња со овој дезен кои радо би ги имале во вашите плакари, а ова здолниште на Евгенија дефинитивно е едно од таквие модели.

Евгенија во најубавото издание што сме ја виделе – сопругата на Вело Марковски ги шармираше сите со ова хит здолниште!

И бидејќи е во прашање цветен дезен на бела позадина, Евгенија мудро го комбинираше со тесна маичка во бела боја на прерамки, елегантни сандали со високи потпетици и кармин во впечатлива црвена нијанса со што целата комбинација ја направи полн погодок.
Што се однесува до здолништето во прашање е безвременски модел кој е погоден за сите пригоди, па во зависност од тоа како ќе го комбинирате можете да го носите како на свечени, така и на неформални настани.

И фустаните со цветен дезен се маст-хев за ова сезона
Веќе и врапчињата на гранките знаат дека цветните дезени се класичен мотив за топлите летни денови, а покрај здолништата, секако и фустаните со овој дезен дамите веќе со години ги обожаваат.

Можете да ги носите како во дневни, така и во летни вечерни варијанти, како и здолништата. Тие ќе ви дојдат добро и на годишниот одмор, кога можете да ги комбинирате со патики, сандали, елегантни чевли.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.