Еврокуп: Комплетирана листата на полуфиналисти

Локомотив Кубан, Будивељник и Валенсија му се приклучија на Билбао во полуфиналето во кошаркарскиот Еврокуп.Најголемото изненадување го направи украинскиот Будивељник кој против Спартак Санкт Петербург ја надополни негативата од 11 поени и со победата од 73:56 стигна до најголемиот успех во клупската историја. Дилејни со 17 и Анисимов со 15 поени.Локомотив и во вториот натпревар ја порази Будуќност, Јасаитис со 21 поен го предводеше тимот до победата од 90:65.Валенсија во Казањ ја одбрани предноста од десет поени и со поразот од 71:68 се пласира меѓу најдобрите четири екипи во Еврокупот.Во полуфиналето ќе играат Локомотив Кубан-Валенсија и Будивељник-Билбао.
МакфаксЛокомотив Кубан, Будивељник и Валенсија му се приклучија на Билбао во полуфиналето во кошаркарскиот Еврокуп.

Пронајдете не на следниве мрежи: