Европејците не веруваат во подобра година

Наспроти умерениот оптимизам од официјалните центри на власт, три четвртини од анкетираните граѓани од повеќе членки на Европската унија (ЕУ) се песимисти, а добар дел стравува дека најлошото допрва доаѓа.Во просек 75 отсто од граѓаните на ЕУ сметаат дека 2014 година економски ќе биде полоша од тековната година, а 20 отсто од нив се екстремни песимисти, односно се убедени дека ги чекаат многу лоши времиња.Според истражувањето кое во април за потребите на повеќе европски весници (Монд, Паис, Гардијан…) го спроведе истражувачката компанија Ипсос со седиште во Париз, најголеми песимисти се Французите (73 отсто)Италијаните по тмурните очекувања го следат французите, а во песимизмот им се придружуваат Белгијанците.Пародаксално е тоа што Шпанците, на кои според сите официјални предупредувања не им се пишува ништо добро, се најголеми оптимисти. Мадридскиот весник „Паис“ не може да се начуди дека дури 40 отсто од Шпанците очекуваат економската ситуација во рок од една година да се подобри, а само 60 отсто очекуваат влошување.Едно од објаснувањата за „нереалниот оптимизам“ се наоѓа во фактот што Шпанците веќе минаа низ големи одрекнувања и жртви и просто не можат да поверуваат дека ги чека „уште полошо“.Сите останати нации, Полјаците, Германците, Британските, Италијаните, Французите се склони помалку да веруваат дека кризата ќе почне да минува без оглед на тоа што не го погоди со таква жестина како што ја загрози Шпанија.Психолозите укажуваат на парадоксалната ментална состојба на граѓаните на Шпанија. Иако во споредба со другите нации покажуваат најмногу вера во тоа дека ситуацијата ќе се промени, тие не веруваат дека напредокот ќе биде остварен благодарение на програмата на владата која сите мерки за стегање на ременот и фискална дисциплина ги спроведува по директен рецепт од Брисел.Полјаците најмногу се потпираат на официјалните власти-дури 76 отсто веруваат дека долгорочно гледано мерките за стегање на ременот ќе доведат до економски развој.Мнозинството Италијанци, Французи и припадниците на другите народи опфатени со анкетата не веруваат во мерките на нивните власти и на Брисел/ Тие како и шпанците укажуваат дека од властите не може да се очекува никаква паметна идеја и дека со својата политика ја загрозуваат економијата и општеството.Граѓаните генерално не веруваат во визиите на политичарите, што се гледа и по податокот дека во време на криза на изборите мнозинството гласа за промена на власта.Ова најдобро може да се согледа преку расположението во Франција и Шпанија, каде пред повеќе од една година на изборите беше сменета власта и се направи пресврт, граѓаните се подеднакво незадоволни од новите власти. Се повеќе филозофи, социолози и психолози заклучуваат дека е загубена вербата не само во сите политичари, туку  дека демократијата е бесмислена.Кризата остава и длабока трага на личен план. Тројца од четворица испитаници се чувствуваат немоќни и на други полиња, откако започна да крахира економијата. Покрај депресијата и црните мисли тие сведочат за тоа како ја загубиле контролата над секојдневието.Половина од анкетираните сметаат дека само делумно можат да одлучуваат за некоја банална работа. Некои дури и бескрајно оклеваат кога треба да одлучат каква музика да слушаат на радиото, дали да појдат на прошетка низ парк или да одат по улица.Шпанците и Италијаните во најголем број од случаите тврдат дека „целосно ја загубиле контролата над своите животи“. Германците, пак, 51 отсто од нив, веруваат дека се уште ги држат уздите во своите раце.Опаѓа и почитувањето кон Европската унија, иако 52 отсто од испитаниците се уште сметаат дека членството во ЕУ е предност.Со вкрстување и анализа на податоците од анкетата се доаѓа до заклучок не само за економската состојба, туку и за влијанието и последиците кои ваквата состојба ги остава на европските вредности.
МакфаксНаспроти умерениот оптимизам од официјалните центри на власт, три четвртини од анкетираните граѓани од повеќе членки н

Пронајдете не на следниве мрежи: