Еврото зајакна спрема доларот и јенот по соопштението на Г7

Еврото во вторникот на меѓународните девизни пазари зајакна во однос на американскиот долар и јапонскиот јен, откако од групата седум најразвиени земји во светот Г7 со заедничко соопштение ги повторија своите ставови дека курсевите на валутите треба да се утврдуваат на пазарите.

 
Така единствената европска валута во вторникот зајакна за 0,2 отсто во однос на американскиот долар и со неа се тргуваше по 1,3432 долари. Еврото зајакна и во однос на јапонскиот јен, и тоа за 0,3 отсто на 126,80 јени, приближувајќи се на највисокото ниво во последните три години од 127,71 јени, на кое се искачи на 6-ти февруари 2012 година.
Доларот, пак, во однос на јенот ослаби за 0,12 отсто, на 94,19 јени, и недалеку е најголемото ниво од мај 2010 година, од 94,465 јени, на кое стаса во понеделникот.
Групата седум најразвиени земји во светот Г7 го потврди ставот дека валутните курсеви ги одредуваат пазарите, со напомена дека хаотичните движења на курсевите и прекумерните осцилации може да наштетат на стопанската и финансиската стабилност.
„Повторуваме дека мерките на нашата фискала и монетарна политика беа насочени кон постигнување на нашите домашни цели со помош на домашните инструменти, и дека така ќе остане и во иднина, како и дека нема да ги целиме валутните курсеви”, се вели во заедничкото соопштение на Г7.
Jенот, пак се најде под притисок на продажбата по соопштението на Г7, кое пазарите го протолкуваа како прифаќање на натамошното слабеење на јапонската валута.
Соопштението, исто така, е протолкувано како обид да се спречат критиката на сметка на Јапонија на состанокот на министрите за финансии на 20-те најголеми најразвиени и економии во развој закажан за крајот на оваа седмица.
„Изјавата сигнализира мала веројатност за покажување со прст кон Јапонија поради манипулациите со валутите на состанокот на Г20, сé додека мерките на јапонската политика се насочени кон отстранувањето на домашните проблеми како што е дефлацијата и сé додека не го целат курсот на јенот”, вели за Reuters Валентин Маринов, челникот на одделот за валутни анализи за валутите во групацијата Г10.
Од друга страна, еврото во вторникот скокна и во однос на швајцарскиот франк, накусо качувајќи се на 1,2356 франци, откако гувернерот на Швајцарската народна банка, Томас Јордан, изјави дека опстојуваат на утврдениот минимален курс од 1,2 швајцарски франци за евро и дека очекува натамошно слабеење на франкот во однос на еврото.
„Според сé судејќи, изгледа дека Јапонија, и во одредена мерка Швајцарија и натаму го толерираат сегашниот микс од мерки, имајќи предвид дека тврдат дека тие се од локален карактер и дека слабеењето на нивните валути се само нивна нуспојава”, коментира натаму Маринов.
За натамошните насоки, вниманието на пазарите ќе бидат насочени на редовниот состанок на Јапонската централна банка кој се одржува во среда и четврток. Пазарите засега не очекуваат промени на актуелната монетарна политика на Токио
Makфакс
Еврото во вторникот на меѓународните девизни пазари зајакна во однос на американскиот долар и јапонскиот јен, откако од гру

Пронајдете не на следниве мрежи: