Еден човек сподели рецепт за ”chicken nuggets” од Мекдоналдс – кои лесно можете да ги подготвите дома!

Љубител на храна од Мекдоналдс и аматерски готвач Нико, на својот канал на Јутјуб сподели рецепт за пилешки медалјони, попознати како nuggets што може да ги уживате за време на викендот. Подготовката е навистина едноставна и брза, само следете ги овие упатства.
Состојки:
236 мл вода
Две јајца
Две лажици сенф
Една лажица лук во прав
Кромид во прав
Бибер и сол
64 гр пченкарно брашно
128 гр бело мазно брашно
Пакетче пилешки гради- без кожа и коски
Подготовка:
Прво земете ги пилешките гради и ставете ги во мешалка со една лажица сол и едно јајце. „Измешајте го пилешкото додека не добиете нешто помеѓу тестенини и мелено месо“, советува Нико. Ставете пченкарно брашно во еден сад и обликувајте медалјони од мелено пилешко – ова најдобро се прави со раце кои претходно биле лесно натопени под вода. Секој медалјон превртете го во пченкарно брашно, истресете го вишокот и ставете го на плех за печење. Сега е време да се направи мешавината.
Во голем сад измешајте обично брашно, јајце, сенф, лук, кромид, бибер и сол и уште малку пченкарно брашно. Измешајте добро додека не добиете мешавина од фина текстура – ниту премногу ретка ниту премногу густа. Секој медалјон превртете го во смесата и ставете ги во замрзнувач еден час. Нико користи масло од канола за пржење, но вели дека можете да користите се што имате дома. “Ставете ги медалјоните во загреано масло и пржете пет минути. Извадете ги, исцедете ги и оставете ги да отстојат неколку минути. Потоа, пржете ги на масло, но овој пат 3-4 минути. Исцедете ги на хартиена крпа и послужете ги со помфрит и омилениот сос. ”

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.