ЕДНА НОЌ НЕНАДЕЈНО ЌЕ ДОЈДЕ! Ердоган и се закани на Грција, но не кажа што ќе дојде! Идентична порака испрати и пред офанзивата во Сирија

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска и се закани на Грција дека „една ноќ ќе дојде ненадејно“.

ЕДНА НОЌ НЕНАДЕЈНО ЌЕ ДОЈДЕ! Ердоган и се закани на Грција, но не кажа што ќе дојде! Идентична порака испрати и пред офанзивата во Сирија

Ердоган претходно ја користеше оваа фраза за да навести за воени операции во Сирија и Ирак против курдските милитанти и неколкупати ја реализираше заканата.

Говорејќи на саемот за воздушна технологија во Самсун, каде Турција го претстави прототипот на беспилотен борбен авион, Ердоган ја нападна соседна Грција, со која растат политичките и воените тензии.

Турција ја обвини Грција дека користела руско ракетни системи С-300 на Крит за да гаѓаат турски авиони во август.

Анкара, исто така, објави дека грчките Ф-16 ги малтретирале турските авиони ставајќи ги под радарско нишанење за време на мисијата на НАТО над источниот Медитеран.

Атина ја обвини и Турција за нарушување на нејзиниот воздушен простор.

Иако и двете членки на НАТО, Турција и Грција имаат повеќедецениски спорови за неколку прашања, вклучително и територијални претензии во Егејското Море и несогласувања за воздушниот простор таму.

Турција тврди дека Грција ги прекршува меѓународните договори со милитаризирање на островите во Егејското Море.

„Окупацијата на островот не не кочи. Кога ќе дојде време, ќе го направиме она што е потребно. Како што велам, една ноќ може да дојдеме ненадејно“, рече денеска Ердоган.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.