Енергетско смути за брзо расонување

Авокадото е енергетска бомба полна со хранливи материи, и не само што дава кремаста текстура на оброците во кои го вклучувате, туку ви обезбедува и солидна количина на калиум, витамин Б и магнезиум.


Токму затоа е пожелно почесто да го конзумирате и да го користите како основна намирница за вашето утринско смути.
Овој рецепт за смути е одличен избор во утрата кога мора брзо да се расоните. Можно е да го почувствувате како тежок напиток, па затоа испијте неколку голтки, а остатокот чувајте го во фрижидер за подоцна.


Може да додадете манго или ананас за уште повеќе свежина, или друго омилено овошје.
Потребни состојки:
1 чаша (250 мл) сок од портокал
100g авокадо исечкано на парчиња
1 банана


1 лажица протеин во прав без шеќер и без вкус
1 лажица чиа семе
Начин на подготовка:
Во блендер на голема брзина изблендирајте ги сокот, авокадото, бананата и протеинот додека не добиете кремаста текстура. Додадете вода по потреба. Одозгора наросете чиа семе.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.