ЕРДОГАН ВО ХРВАТСКА ГИ ПОТВРДИ ТВРДЕЊАТА НА РУСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ: „ПУТИН Е ВО ПРАВО, ЖИТОТО ОДИ ВО БОГАТИТЕ ЗЕМЈИ, А НЕ ВО СИРОМАШНИТЕ!

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, во Загреб се согласи со изјавата на претседателот на Русија, Владимир Путин, дека жито од Украина се доставува до богатите, наместо во сиромашните земји.

ЕРДОГАН ВО ХРВАТСКА ГИ ПОТВРДИ ТВРДЕЊАТА НА РУСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ: „ПУТИН Е ВО ПРАВО, ЖИТОТО ОДИ ВО БОГАТИТЕ ЗЕМЈИ, А НЕ ВО СИРОМАШНИТЕ!

Путин во средата рече дека житото извезено според договорот потпишан со посредство на Турција и ОН не стигнува до најсиромашните земји, што е вистинската цел на договорот.

„Путин е во право, житото оди во богатите, а не во сиромашните земји, а нашата цел беше да обезбедиме испорака на жито до сиромашните“, рече Ердоган на заедничката прес-конференција со неговиот домаќин Зоран Милановиќ.

„Русија, додека траат санкциите против неа, не сака да се доставува жито до земјите што ја санкционираат. Тоа му пречи на Путин“, јасно рече Ердоган.

За да стигнат доволни количества жито во сиромашните земји, турскиот претседател смета дека треба што поскоро да се започне со испорака на жито од Русија.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.