ЕУ работи на седмиот пакет санкции против Русија – МНР на Полска

Санкциите треба да бидат уште поостри: во однос на гасот што Русија сè уште може да го продаде, во контекст на исклучување на сите руски банки од системот SWIFT. Зборувам пред се за Газпромбанк, рече Павел Јаблонски.
Претставниците на ЕУ веќе работат на седмиот пакет санкции против Русија, изјави полскиот заменик – министер за надворешни работи Павел Јаблонски во интервју за полската агенција за печат, објавено во саботата.

„Потребно ни е ембарго на технологии кои сè уште можат да ѝ бидат доставени на Русија и да ги користи Русија во својата индустрија“, додаде Јаблонски.
Знаме на ЕУ

На прашањето дали веќе е започната работата на седмиот пакет санкции, претставникот на полското МНР одговори: „Се разбира, да“.

„Санкциите треба да бидат уште поостри: во однос на гасот што Русија сè уште може да го продаде, во контекст на исклучување на сите руски банки од системот SWIFT. Зборувам пред сè за Газпромбанк“, рече тој.

„Потребно ни е ембарго на технологии кои сè уште можат да ѝ бидат доставени на Русија и да ги користи Русија во својата индустрија“, додаде Јаблонски.

На 3 јуни, Советот на ЕУ го усвои шестиот пакет санкции против Руската Федерација, вклучително и одложено ембарго за поморски испораки на нафта и нафтени деривати од Русија. Речиси еден месец траеше дискусијата меѓу земјите од ЕУ за шестиот пакет.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.