Француското Интернационално Училиште од Скопје (ЕФИС) во моментов има стотина ученици, поделени во 9 одделенија. Училиштето ги собира на едно место учениците од најмалата група од градинка и основно училиште така што повеќе од 22 години работи со ученици од двегодишна возраст па нагоре.

Училиштето е акредитирано од француското Министерства за образование и работи според француските закони и практики. Воедно, согласно потпишан меморандум со македонското Министерство за образование и наука и Француската амбасада, издадените дипломи се признати и кај нас така што учениците може да го продолжат образованието во македонските средни училишта.
– Предизвикот да се работи во Француското Интернационално училиште е сите ученици да постигнат ниво како учениците во училиштата во Франција, вели Пјер Жименез, педагошкиот директор на училиштето ЕФИС.
Француското училиште е акредитирано од Министерството за образование на Франција и ја спроведува истата програма од малата група во градинката кога децата имаа 3 години до деветто одделение предметната настава кога учениците имаат 15 години.
– Француската програма е организирана по циклуси, циклус 1 градинката, циклус 2 прво, второ и третто одделение, циклус 3 четврто петто и често одделение циклус 4 седмо, осмо и деветто одделение. Целта ни е преку програмите по училишни предмети математика, француски јазик, историја, географија, музичко, физичко, буквално цела палета на програми, децата од 2 до 15 години да ги воспитаме во идни одговорни граѓани. Токму тие програми на децата им овозможуваат да го изучуваат францускиот јазик, секако, но и да стекнат сознанија од различни области по предметите историја, уметност и музика, да имаат критички однос кон тоа што го прават. Всушност тука го имаме целиот француски дух и култура!” Целта ни е покрај знаењата да добиеме и граѓани на утрешнината!”, истакнува Жимнез.
Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK> може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.