Запечени енчилади со пилешко и кашкавал

Идеален предлог за ручек за љубителите на мексиканската кујна.
Потребни состојки:
Половина главица кромид
1 чили
2 чешниња лук
1 конзерва салса сос
1 конзерва домати пелат
3 шолји варено пилешко месо
2 шолји рендан кашкавал
2 шолји рендан чедар
Свеж магдонос
Сол
12 тортиљи
Начин на подготовка:
Во тава пропржете исечкан кромид и пиперка. Откако ќе омекне кромидот, додајте мелен лук и пропржете уште минута. Додајте салса сос(оставете малку во конзерва) и пелат и варете додека да зоврие. Оставете половина шолја од сосот за да ги прелиете енчиладите.
Исечкајте го пилешкото месо и промешајте со шолја рендан чедар, кашкавал и магдонос. Додајте го салса сосот кој ќе го оставите во конзервата, посолете и соединете ја смесата. Филувајте ги тортиљите, замотајте и наредете ги во тавата со сосот. Прелијте ги со преостанатиот сос и наросете со чедар и кашкавал. Печете 10 минути на 180 степени.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.