Запечени тиквички со мелено месо и моцарела

Потребни состојки:
4 помали тиквички
200 г мелено месо
1 мала главица кромид
150 г пелати
2 пакувања моцарела
5 шери домати
1 лажица босилек
Прстофат чили
Сол и бибер
Маслиново масло
Начин на подготовка:
Измијте ги тиквичките и пресечете ги на половина. Извадете ја внатрешноста со помош на лажица. Исечкајте го месото и тиквичките на помали парчиња. Исечкајте го кромидот и продинстајте го во тава со малку маслиново масло.
Во тоа додајте го мелото месо и тиквичките, зачинете по вкус и продинстајте.
На крај додајте пелат и сушен босилек.
Вклучете ја рерната на 200 степени. Во тава ставете хартија за печете и на неа додајте ги тиквичките, па посолете.
Откако ќе биде готова смесата од месо и тиквички, наполнете ги тиквичките со неа и печете ги 20 минути.
Исечете ја моцарелата на кришки, а шери доматите на половина.
Извадете ја тавата и на тиквичките наредете моцарела и шери домати.
Посолете и додајте малку маслиново масло. Печете ги уште 10 минути или додека да се растопи сирењето. Печените тиквички украсете ги со босилек.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.