Запленети 2,6 тони кокаин вреден 500 милиони евра на брегот на Португалија

Италијанската финансиска полиција соопшти дека запленила повеќе од 2,6 тони кокаин во Атлантскиот Океан, во близина на португалскиот брег. Проценетата улична вредност на дрогата изнесува 500 милиони евра. Во акцијата се уапсени четири лица.

Полициската акција во водите на Атлантскиот Океан резултираше со заплена на 2,6 тони кокаин. Дрогата беше откриена во близина на брегот на Португалија. Проценките на италијанската финансиска полиција покажуваат дека вредноста на запленетиот кокаин на црниот пазар достигнува околу 500 милиони евра.

За време на операцијата се уапсени четири лица. Според официјалните информации пренесени од Ројтерс, акцијата е реализирана преку соработка меѓу италијанските, шпанските и португалските власти.

Пронајдете не на следниве мрежи: