До полицијата пристигнала пријава за уште еден инцидент предизвикан од заталкан куршум токму на новогодишната ноќ.
Маж од Шуто Оризари на 3. јануари пријавил дека заталканото зрно му оштетило делови од домот.
– На 03.01.2026 во 11:00 часот во СВР Скопје, Џ.Л.(32) од Скопје пријави дека за време на новогодишната прослава на подрачјето на Шуто Оризари паднало заталкано зрно од огнено оружје и му оштетило прозорци и ѕид од неговата куќа. Полициски службеници од СВР Скопје го подигнале зрното за понатамошна постапка, информираа од полицијата.
Се работи на расчистување на случајот.



