За љубителите на мексиканската кујна: Тако со пилешко

Потребни состојки:
1 кг пилешко бело месо
200 г црвен грав(може и од конзерва)
Тортиљи
2 лажички чили
2 лажички лук во прав
1 лажичка сенф
4 дл кечап
2 лажици јаболков оцет
2 лажици шеќер
1 лажичка сол
½ лажичка бибер
Начин на подготовка:
Прво направите маринада така што ќе ги промешате сите состојки во еден голем сад. Подгответе сад во кој ќе го печете пилешкото месо и премачкајте го со малку масло. Измијте го пилешкото месо и исечете го на неколку места за да впие од маринадата.
Ставете го пилешкото месо во течните состојки и премачкајте го убаво. Префрлете го во сад за печење.
Печете на 190 степени околу 40 минути додека да се карамелизира пилешкото месо и да се испече убаво.
Откако ќе биде готово, исечете го на парчиња. Додајте го црвениот грав и промешајте. Земете една тортиља, наполнете ја со две лажици од смесата со пилешко и послужете со сос по желба. Одлично оди со павлака. Ако не сакате грав, може да користите пченка или грашок.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.