Згрижување на деца од најмалата група – воведени „јасли“ во детската градинка „Гоце Делчев“ во Општина Илинден

Општина Илинден продолжува со овозможување на просторни услови и капацитети во предучилишните установи, за згрижување на деца од предучилишна возраст.

Во таа насока во детската градинка Гоце Делчев, се воведоа „јасли“, односно се овозможи згрижување на деца од најмалата група на возраст од 9 до 24 месеци.

За оваа намена уреден е засебен дел од објектот на градинката кој располага со сопствен влез. Набавена е потребната опрема и инвентар за престој на децата од јаслените групите.  Најмалите дечиња ќе бидат згрижени во две групи.

Во едната ќе престојуваат деца на возраст од 9 до 18 месеци, а во другата деца на возраст од 18 до 24 месеци.

Воведувањето на јасли во градинката Гoце Делчев, која има капацитет за згрижување на 450 дечиња, се овозможи со изградбата на новата детска градинка во Миладиновци којa е со капацитет од 90 дечиња.

На овој начин во двете градинки, се воведени јасли за згрижување на деца од најмладата група, како и се овозможени просторни капацитети за згрижување на сите деца до 6 годишна возраст согласно Протоколот за активности во установите за згрижување и воспитание на деца по укинување на вонредната состојба.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.