сабота, 28 ноември 2026
Најново

Здрава алтернатива на леб: Рецепт за вкусни кето лепчиња

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Без разлика дали ја следите кето диетата или едноставно се чувствувате лошо кога јадете леб, овој рецепт ќе биде одличен за вас. Она што е поинтересно за овој рецепт е тоа што неговите состојки како семето од лен, сусам и псилиум можат да го подобрат вашето расположение. На пример, ленот се нарекува суперхрана поради неговите својства: тој е одличен извор на тиамин, рибофлавин, пиридоксин, фолна киселина, пантотенска киселина и добар извор на ниацин. Исто така, содржи голем број минерали – бакар, магнезиум, манган, фосфор, селен, железо, калциум и цинк.
Заедно со ленот е и псилиумот, кој е еден од најголемите пријатели на варењето на храната. Тој е одличен извор на растворливи влакна, а познато е дека влакната помагаат во регулирање на варењето, го чистат организмот од токсини, го забрзуваат метаболизмот и помагаат при губењето на телесната тежина.


Здрава алтернатива на леб: Рецепт за вкусни кето лепчиња
Потребни состојки:
150 гр брашно од бадем
40 гр псилиум во прав
60 гр кокосово брашно
75 гр мелен лен
1 лажичка лук во прав
1 лажичка кромид во прав
1 лажичка прашок за пециво
1 лажичка сол
сусам со кој ќе ги посипете направените лепчиња
2 лажички јаболков оцет
6 белки
2 цели јајца
480 мл врела вода
Начин на подготовка:
Измешајте ги сувите состојки, а потоа додадете ги течните. Формирајте топчиња. Од оваа количина смеса ќе излезат околу 9-10 лепчиња.
Наредете ги на хартија за печење. Печете околу 50 минути на 175 степени.
Дополнителна информација:
Кога ќе ги направите лепчињата мора веднаш да ги ставите да се печат. Исто така, користете дигитална вага за мерење на состојките.

Поврзани вести