Здрави закуски кои вашите деца ќе ги обожаваат

Како што децата растат, така расте и нивната желба да каснуваат по нешто меѓу оброците. Како и да е, многу спакувани грицки за деца се нездрави и честопати се полни со шеќери и вештачки состојки.
Наместо високо преработена храна, можете да му предложите на вашето дете многу овошје, ореви, варени јајца, суво овошје, сирење, хумус, маслинки или кисели краставички. Можете да подготвите смуди со малини, спанаќ, јогурт и мед. Исто така можете да им подготвите и различни сендвичи со моцарела и ситно исечени домати, путер од кикиритки и парчиња банана, варено јајце, авокадо и домати.
Здрави закуски кои вашите деца ќе ги обожаваат
Погледнете ги и овие рецепти за здрави закуски кои се лесни за подготовка и можете да ги направите уште денес.
Енергетски топчиња
Енергетските топчиња можете да ги направите со ленено семе или чиа кои се извор на растителни влакна, протеини и антиоксиданти. Нивниот вкус нема да биде поразличен од оној на колачињата кои ги купуватe. Единствената разлика е тоа што овие енергетски топчиња се полни со хранливи состојки.


Потребни состојки:
80 г овесни снегулки
115 г мед
125 г путер од бадеми
55 г ленено семе или 110 г чиа
1 лажичка ванила
80 г суво овошје или чоколадни струготини
Начин на подготовка:
Измешајте ги сите состојки во еден сад, а потоа формирајте топчиња и ставете ги да отстојат во фрижидерот.
Здрави закуски кои вашите деца ќе ги обожаваат
Чипс од кељ
Кељот се смета за супер храна, бидејќи содржи многу хранливи состојки. Всушност, децата можат да ја добијат дневната доза витамини А, Ц и К од само 1 чаша(65 грама) кељ.
Повеќето деца не би го јаделе овој зеленчук, но чипсот од кељ е многу вкусен и можеби ќе им го смени мислењето.
Потребни состојки:
1 кељ
15 милилитри маслинов зејтин
1 лажичка лук во прав
1/4 лажичка сол
Начин на подготовка:
Насечкајте го кељот, а потоа измијте го и темелно исушете го. Ставете го маслиновиот зејтин и зачинете. Потоа распоредете го на хартија за печење и печете го во загреана рерна на 175 степени за 10-12 минути.
Здрави закуски кои вашите деца ќе ги обожаваат
Ќесадиља со путер од кикиритки и банана
Путерот од кикиритки е одличен извор на протеини и здрави масти, а бананата содржи калиум, витамин Б6 и растителни влакна.
Овој едноставен рецепт е многу вкусен и вашето дете сигурно ќе го обожава.


Потребни состојки:
1 тортиља од цели зрна
30 г путер од кикиритки
половина банана
1/8 лажичка цимет
Начин на подготовка:
Распоредете го путерот од кикиритки низ целата тортиља. Насечете ја бананата и наредете ги парчињата на едната половина од тортиљата. Посипете цимет и преклопете ја тортиљата. Насечете на триаголници пред да послужите.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.