Здраво и вкусно смуди со морков и банана

Здраво, вкусно и кремасто! Овој пијалак со вкус на морков и банана е полн со витамини, а за него ви се потребни само 7 состојки.
Здраво и вкусно смуди со морков и банана
Потребни состојки:
1 голема замрзната банана
1 мал сечкан морков
1 урма (по желба)
1/4 лажичка цимет
1/2 лажичка екстракт од ванила
1 лажичка рендан ѓумбир
1 морско оревче (по желба)
120 до 240 милилитри млеко по избор
1 ќесичка протеини од ванила (по желба)


За украсување:
рендан морков
кокосови струготини
ореви или семе од коноп
Начин на подготовка:
Додајте ги бананата, урмата, морковот, циметот, ванилата, ѓумбирот, морското оревче, млекото и протеинот во блендер. Блендирајте додека не добиете кремаста смеса. Додадете повеќе млеко ако е потребно.
По вкус додајте повеќе цимет, ѓумбир или некој засладувач.
Сервирајте како што е или украсете со рендан морков, кокосови струготини, ореви, семе од коноп или по ваш избор. Смудито можете да го оставите во фрижидер до 1 месец.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.