КИЕВ- Претседателот на Украина Володимир Зеленски изјави дека на некого може да им се чини дека по серијата победи на вооружените сили на Украина има одредено затишје, но дека ова е подготовка, бидејќи, како што истакна, целата Украина мора да биде слободна.

Во видео пораката, Зеленски рече дека украинските сили ги ослободиле Изум, Балаклеја, Купјанск и Харковската област, но дека ќе бидат ослободени и Мариупол, Мелитопол и Херсон, како и другите делови на Украина кои се под контрола на руските сили. Укринформ.
„Можеби на некои од вас сега им се чини дека по серијата победи имаме некакво затишје. Но, тоа не е затишје. Тоа е подготовка за следната низа. За следната серија на многу важни зборови за сите нас, кои мора да се слушнат. Затоа што Украина мора да биде слободна во целина“, рече Зеленски, пренесува Танјуг.
Пронајдете не на следниве мрежи:


