Зошто не треба да носите бел градник под бела облека?

Иако звучи неверојатно, белиот градник не би требало да го носите под бела облека. Погледнете и зошто. Кога станува збор за долна облека, голем број на дами се одлучуваат за бел градник, сметајќи дека тој не се забележува под гардеробата. Особено во случаевите кога носат бела маица или кошула.

Сепак, стручњаците откриле за порталот “Times of India” дека во никој случај не треба да носите бел или беж боја градник под облека во светла боја. Тие тврдат дека токму таквите градници повеќе ќе се истакнуваат, ќе го нарушат целолкупниот “аутфит” и впечаток.
Во замена на бел градник, тие советуваат да се носи црвен. Звучи неверојатно, но тие објаснуваат дека кожата има црвени подтонови и дека таквиот градник може да биде “невидлив” под белата маица.


Доколку имате чисти тонови на кожата, би требало да носите небесно син градник, а за потемните тонови на кожа одлично се совпаѓаат темно црвените градници.

Жените со маслинеста боја на кожа би требало да одбираат градници во боја на боровница.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.