Идеја за ручек: Запечени макарони со ќофтиња и зеленчук

Вкусен оброк, сè во едно тенџере. Доколку сте љубител на тестенини, ви препорачуваме да го подготвите овој рецепт.
Состојки:
400 гр. тестенини
200 гр. мешано мелено месо100 гр. шери домати100 гр. печурки
Конзерва домати
Главица кромид
Две чешниња лук
Маслиново масло
Сол, бибер
Сушено оригано


Начин на подготовка:
Сварете ги макароните кои треба да бидат „ал денте“. Загрејте масло во тавата, посолете го меленото месо и направете мали ќофтиња од него.
Пржете ги ќофтињата од сите страни за да добијат златна боја, а потоа ставете ги на чинија. Во иста тава испржете кромид, лук, шампињони и по пет минути пржење додајте ја конзервата со домати.
Зачинете со оригано и динствувајте неколку минути додека рерната се загрева на 200 степени.
Промешајте ги макароните со добиениот сос, ќофтињата и шери доматите. Префрлете ги во тава за печење и печете 15 минути. Сервирајте со пармезан.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.