Имате висок крвен притисок? Овој чај ќе ви го регулира!

Високиот крвен притисок настанува од повеќе причини и потребно е навремено да се регулира. Хипертензијата го зголемува ризикот од срцеви заболувања, атеросклероза, мозочен удар и откажување на бубрезите. Од суштинско значење за здравјето е навремено регулирање на крвниот притисок и повторно воспоставување на нормален проток на крвта низ садовите.
Со регулирањето на притисокот вие не само што ќе се чувствувате подобро, туку и ќе спречите бројни состојби кои се опасни по вашиот живот.

Постојат два типа на хипертензија

Хипертензијата може да биде наследна или стекната преку начинот на живот со висок ризик. Постои основна и секундарна хипертензија.
Првата нема некоја очигледна причина и постепено се развива со текот на годините, а секундарната хипертензија обично е поврзана со некоја друга здравствена состојба:

-Опструктивна ноќна апнеја

-Проблеми со бубрезите

-Тумор на надбубрежната жлезда

-Проблеми со тироидната жлезда

-Одредени вродени дефекти на крвта

Постојат неколку фактори на ризик кои доведуваат до висок крвен притисок:

-Години

-Прекумерна употреба на алкохол или дрога од било кој вид

-Прекумерна тежина

-Поднебје – висок крвен притисок е почеста појава кај Афроамериканците

-Седентарен начин на живот

-Стрес

-Цигари

-Недостиг на калиум или витамин Д

-Премногу сол

-Други хронични состојби како што се дијабетес и болести на бубрезите

Како да го регулирате високиот крвен притисок

Истражувањата покажаа дека внесот на овошје и зеленчук го намалува ризикот од кардиоваскуларни болести, поради анти-инфламаторниот ефект кој се должи на група од фитонутриенти наречени антоцијани.

Ова е список од неколку докажани начини со кои се регулира високиот крвен притисок:

1. Намалете го внесувањето на сол. Една студија од 2012 заклучува:

“Намалувањето на внесот на сол може да ја одложи примената или да се спречи употребата на антихипертензивна терапија, може да го олесни намалувањето на крвниот притисок кај хипертензивни пациенти кои примаат терапија и може да претставува едноставна заштеда на трошоците за намалување на кардиоваскуларниот морбидитет и морталитет.”

Постојат и други состојки и зачини кои можете да ги користите наместо сол, а кои имаат вистински здравствени придобивки, како што се куркумата и хранливиот квасец.

2. Потребата од физичка активност/вежбање не може да се нагласи доволно. Една студија од 2007 година открива: 

“Вежбањето е камен темелник на терапијата за превенција, лекување и контрола на хипертензијата.”

3. Избегнувајте храна која може да ја влоши хипертензијата, како што е обработено месо, зачинети тестенини, алкохол и се’ она што содржи висока количина на натриум.

РЕЦЕПТ ЗА ЧАЈ СО КОЈ СЕ РЕГУЛИРА ВИСОКИОТ КРВЕН ПРИТИСОК

Подолу можете да го прочитате рецептот за приготвување на чај кој ја лекува хипертензијата, а кој е вкусен и ќе обезбеди хранливи материи за да го намали крвниот притисок.

Целерот содржи фитонутриенти кои дејствуваат во насока на намалување на стеснувањето на ѕидовите на артериите, што овозможува зголемен проток на крв.

Црвените плодови од Хинап (Zizyphus vulgaris- побарајте во билна аптека или во продавниците за здрава храна), познати како Јујуба,   содржат високи нивоа на калиум, хранливи материи познати по намалување на ефектите на натриум во крвта, а со тоа и намалување на крвниот притисок.

Потребни состојки:

2 литри вода

200 г органски целер

60 г црвени јујуба

Постапка:

1.Целерот и плодовите убаво се мијат.

2.Целерот се сечка на поситни парчиња.

3.Сите состојки ставете ги во тенџере со вода и гответе на умерено околу половина час.

4.Процедете ја течноста.

5.Пијте од овој чај колку што можете повеќе.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.