Индиската претседателка идната недела во посета на Македонија

Во дводневна посета на земјава идната недела доаѓа претседателката на Индија – Дроупади Мурму. Информацијата ја потврдија и од Кабинетот на македонската претседателка Гордана Силјановска Давкова.

Посетата на на претседателката на Индија Мурму, како што дознава „Фокус“, пред се економска и стратешка дипломатија со овој дел од Европа, вклучувајќи ја и Македонија. Актуелното водство на Индија предводено од Мурму и премиерот Моди активно ја проширува соработката с оевропските земји, меѓу другото и преку – засилување на трговијата и инвестициите, особено во ИТ – секторот каде Индија е една од водечките земји во светот со огромен потенцијал и ресурси, потоа обновливи извори на енергија, во автомобилската индустрија, соработката на мали и средни фирми, дигитални технологии и вештачка интелигенција, како и научна и образовна соработка.

Пронајдете не на следниве мрежи: