ИНСТИТУТОТ ЗА ВОЈНА ЈА ОБЈАВИ КАРТАТА: Погледнете колкава територија ослободија Украинците, а еве како напредуваат кон Русија

Институтот за воени студии (ISW) денеска објави дека украинската армија досега ослободила 2.500 квадратни километри земјиште во областа Харков.

ИНСТИТУТОТ ЗА ВОЈНА ЈА ОБЈАВИ КАРТАТА: Погледнете колкава територија ослободија Украинците, а еве како напредуваат кон Русија

Тоа е резултат на украинската офанзива која трае со денови. Објавена е и карта на која се гледа колкава територија ослободила украинската армија во овој дел.

Руските напредувања се означени со црвено, а украинските контранапади со сина боја. Делот означен со жолто покажува места под руска контрола.

Потсетете се дека Русија го напушти своето главно упориште во североисточна Украина во саботата, при ненадеен колапс на една од главните линии на фронтот, откако украинските сили се заканија дека ќе ја опколат областа во шокантен напад.

Брзиот пад на Изум во провинцијата Харков беше најтешкиот пораз на Москва од март, кога руските трупи беа принудени да се повлечат од главниот град Киев. Тоа би можело да биде одлучувачка пресвртница во шестмесечната војна, при што илјадници руски војници бегаат и ги напуштаат резервите на муниција и опрема.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.