ИНТРИГАНТНО: Во Скопје постоела шема на земање штета од градот поради каснување од куче

СЕ ЧИНИ ДЕКА НАШАТА КРЕАТИВНОСТ НЕМА ГРАНИЦИ, КОГА ТРЕБА ДА СМИСЛИМЕ НАЧИН ДА ГО „ЗЕЗНЕМЕ“ СИСТЕМОТ.

ИНТРИГАНТНО: Во Скопје постоела шема на земање штета од градот поради каснување од куче

Документирана е одредена шема каде се инструирало, се организирало каснување од куче и потоа се барале оштети од Градот за граѓани каснати од кучиња скитници, вели во денешното гостување во “Студио 10” заменик-градоначалникот на Град Скопје, Александар Трајановски.

Тоа е веќе надлежност на МВР, повеќе фактори имаат улога во ситуацијата со улиќите кучиња. Ние се трудиме ЈП да излезе во пресрет на сите локации каде има потреба да се заловат кучиња, да се контролира нивното размножување и да се вратат на истата локација, но дополнителен проблем е што се носат кучиња од други градови и тоа го отежнува овој процес на ставање под контрола.

Луѓето кои се одлучуват да земат домашен миленик, многу брзо им поминува интересот и вниманието кон тоа животинче и тие може да се најдат после по улиците на Скопје.

Сметам дека треба да се доработат законските обврски да оној кој ќе земе домашен миленик да има обврска да го чува, не само додека му е интресно.

Не станува збор само за кучињата, исто може да се каже и за мачиња и други домашни миленици.

Друга работа која влијае и сметам дека сериозно ја отежнува работата на ЈП Лајка е тоа што дел од општините не ги подмируваат своите обврски кон претпријатието. Има одлука на Советот на Грдот да ЈП Лајка потпише бипартитни договори со сите општини и за истата услуга којашто ја третираат, општоните треба да плаќаат надомест, голем број од нив не одговараат на тие побарувања и имаме сериозни проблеми со финансирање на претпријатието.

Не би сакал да напоменувам кој плаќа кој не но апелирам да се регулираат овие должничко-доверителски односи, за ЈП Лајка да може без проблем да набавува средства за нормално функционирање, вели Трајановски.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.