Инцидент со осуденикот Репки во штипскиот затвор, додека две групи се тепале, едната добила засилување пред затворската зграда

Штипскиот Затвор од ноќеска е под силно полициско обезбедување, откако две групи на затвореници во штипскиот Затвор имале физичка пресметка, подебелиот крај го однел вработен, кој добил и лекарска помош во Клиничката болница.

Тепачката се случувала на полноќ,а поддршка имале и од 30 лица кои пристигнале со десет возила, пред Затворот. Интервенирале затворската полиција, но и специјалците од Скопје кои пред капијата ги затекнале 30 те лица кои дошле од Скопје да ја поддржат една од групите.

Во соопштението на МВР се вели дека синоќа во 23 часот и 57 минути Ш.Н од скопското село Батинци пријавил дека му се јавил неговиот син З.Н кој издржувал казна затвор во Затвор –Штип и му соопштил дека има информации оти во текот на ноќта ќе биде нападнат. Три минути по пријавата почнала тепачката меѓу двете групи на затвореници. Во штипската јавност се говори дека наводно едната група броела 100, а втората четири члена.

Според информации на Телма станува збор за Зулќуфли Нуредини викан Репки кој во штипскиот затвор е префрлен откако правел проблеми во Идризово и преку приватна болница бегал и се враќал за да ја издржува казната.

-Околу 00.00 часот во СВР Штип, од Казнено – поправната установа Затвор Штип било пријавено дека во затворот бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу две групи затвореници и дека имаат сознанија дека кон затворот во Штип патуваат повеќе лица за да и помогнат на едната група. По преземени мерки, полициски службеници од СВР Штип пред затворот затекнале 30 лица со 10 возила и при преглед на лицата и возилата, во едно возило биле пронајдени и одземени дрвен и остар предмет, се вели во соопштението од МВР.

Директорот на Затвор-Штип, Мики Тодоров во телефонски разговор одговори дека за случајот ќе има детали и во тек е истрагата.

Претходно, Обвинителството отвори истрага за 17 затворски службеници кои го носеле токму Зулфакир Нуредини викан Репки во приватна болница и го пуштале да си шета низ Скопје.

Пронајдете не на следниве мрежи: