Ирак целосно ги затвори границите

Ирачката администрација соопшти дека границите на Ирак се целосно затворени, пренесуваат медиумите.
Генерал-полковник Каис ал Мухамадави, заменик командант на ирачките заеднички операции, изјави за ирачката новинска агенција ИНА дека границите на земјата се целосно затворени и безбедносните сили чекаат наредба од премиерот Мухамед Шија ал Судани да го заштитат Ирак.

Командантот на ирачките гранични сили, генерал Мухамед Абдулвахаб ал-Суајди изјави дека тие работат на зајакнување на безбедносните мерки на ирачко-сириската граница.

Пронајдете не на следниве мрежи: