Иселувањето е поради полтронскoтo однесување на функционерите кои не водат сметка за својата туку за туѓите држави

Претседателскиот кандидат од редовите на ГРОМ Стевче Јакимовски, кампањата ја продолжи со средба со жителите на Гостивар.

Јакимовски, зборуваше со гостиварци за актуелните случувања и напомена дека најголемата мака е иселувањето и како што напомена тоа е заради, поради лошите политики на досегашните владеjачки гарнитури.

–  Причината за масовниот егзодус е поради полтронскoтo однесување на функционерите не водејќи сметка за својата туку за туѓите држави, рече Стевчо Јакимовски претседателски кандидат од ГРОМ.

Тој посочи дека е кандидат на граѓаните, а не продолжена рака на партиите. Зборувајќи за промената на уставот, тој  упати критики за предлозите на неговите противкандидати околу овој процес.

– Претседателските кандидати бегаат од дебати. Тоа е голем срам за демократијата. Народот мора да ги слушне нивните ставови околу суштинските прашања за државата, рече Јакимовски.

Пронајдете не на следниве мрежи: