И забранија да дојде, а потоа принцот ја покани: Меган, Хари, Вилијам и Кејт заедно за прв пат по смртта на кралицата Елизабета

Принцот Вилијам, војвотката од Кембриџ Кејт Мидлтон и принцот Хари и војвотката од Сасекс Меган Маркл пристигнаа во Виндзор, што воедно е прво заедничко појавување во јавноста по смртта на кралицата, пренесува Sky news.

И забранија да дојде, а потоа принцот ја покани: Меган, Хари, Вилијам и Кејт заедно за прв пат по смртта на кралицата Елизабета

Тие пристигнаа во Виндзор за да ги поздрават насобраните пред истоимениот замок.

Тие одвоија време да оддадат почит и да ги погледнат оставените цвеќиња, но и да разговараат со луѓето кои им аплаудираа.

Хари и Меган, исто така, се ракуваа и разговараа со некои од илјадниците луѓе кои чекаа надвор од замокот. Посетата го означува првото јавно појавување на Вилијам, Кејт, Хари и Меган по смртта на кралицата.

Да потсетиме, на Меган и беше забрането да дојде во Шкотска за да се збогува со кралицата на денот на нејзината смрт, на барање на Чарлс Трети.

Извор од Кенсингтонската палата рече дека принцот од Велс ги поканил војводата и војвотката од Сасекс да им се придружат нему и на принцезата од Велс порано денеска.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.