Како да ги носите тексас парчињата во сезоната што доаѓа?

1. Комбинација на стилови
Комбинирањето на стилови секогаш е возможно кога станува збор за тексасот. Оваа комбинација потсетува на работничка униформа и можете да ја споите со многу видови тексас во разни бои. Овде спаѓаат јакни, прерамки, здолништа и кратки панталони.


2. Украсени фармерки
Во последно време популарни се фармерките со должина до глуждовите. Трендот ќе продолжи и следната сезона, но со некои мали измени. Нешто ново се украсите на долниот дел од фармерките. Можете да ги украсите со нитни и разни метални украси. Ова е тренд што постои од пред неколку години. Разликата е што претходно украсите се наоѓаа на џебовите и горниот дел на фармерките, а сега се спуштени подолу.
3. Фармерки со рамен крој


Токму овој вид фармерки ги засени познатите скини џинс. Ова ќе важи и за наредната сезона. Широките фармерки со рамен крој им се опсесија на модните блогерки, а можете да ги комбинирате во многу разни стилови.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.