Како да не фрлате храна: Совети со кои вашите колачиња ќе останат свежи до Нова година

По прославата на некој именден или слава, многумина честопати остануваат со големи количини неизедени слатки. Ако сакате да зачувате неколку бисквити и колачиња и да го продолжите нивниот рок на траење до прославата на Нова година, следете ги предложените совети и ќе видите дека и тоа е можно.
Како да не фрлате храна: Совети со кои вашите колачиња ќе останат свежи до Нова година
Крцкавите колачиња не толерираат влага, поточно влажната средина ги омекнува и придонесува тие да ја изгубат крцкавоста. Затоа се препорачува да ги чувате во херметички затворен сад.


Преостанатите колачи од обично или лиснато тесто се препорачува да ги замрзнете. Пред да ги ставите во замрзнувач, прво треба да отстојат во фрижидер половина час, а потоа да се префрлат на температура под нулата.
Ако сакате да ги зачувате преостанатите полнети бисквити кои треба да бидат сочни, најдобро е да ги чувате во сад во кој сте додале половина исеченото јаболко. Тоа делува како навлажнувач кој ја продолжува свежината на колачите.
Не се препорачува кремастите колачиња да се чуваат во фрижидер повеќе од три дена. По тој период, најдобро е да ги замрзнете, покриени со мрсна хартија, а потоа треба да се префрлат во ќесе или пластичен сад. Пред консумација, имајте предвид дека се потребни најмалку три часа за колачите целосно да се одмрзнат на собна температура.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.