Како да сте на Блед – направете си домашна, крцкава кремпита

Посетата на езерото Блед не може да помине без традиционалната кремпита, а оваа сезона изгледа е најдобро сами да си ја направиме.
Неодолива крцкава пита полнета со фил од ванила за која вреди да вложите малку труд во кујна.
Можеби ќе ве потсети и на грчките кремпити, па ќе ве однесе на гастрономско патување од дома.

Потребни состојки:
1 ролна готово лиснато тесто
6 јајца
2 пакетчиња ванилин шеќер
1 пакетче пудинг од ванила во прав
1 l млеко
150g брашно
3l слатка павлака/хопла
50g шеќер во прав
150g шеќер
1 лажица рум
Начин на подготовка:
Поделете го тестото на два еднакви дела и расукајте ги колку што е можно потенко во правоаголна форма.
Двете парчиња тесто се разнесуваат по целата површина за да се избегнат меурчиња во тестото.
Ставете да се печат на 220ᵒС околу 15 минути, но одвоено.
Потоа се подготвува кремот од пудинг. Измешајте ги во сад шеќерот и ванилиниот шеќер во ½ литар млеко и ставете да се вари.
Во меѓувреме, во друг сад, измешајте го пудингот во прав со 2 жолчки, брашното и другата половина литар млеко.


Кога млекото од првиот сад ќе се свари, истурете ја мешавината во смесата со жолчките и пудингот.
Мешајте постојано и додадете ја лажицата рум, а потоа оставете малку да се излади.
Изматете 4 белки и пената ставете ја во кремот од пудинг.
Истурете ја мешавината на еден слој од тестото кое ќе стои врз хартија за печење, распоредете го еднакво кремот насекаде и ставете го во фрижидер.
Во меѓувреме изматете ја слатката павлака со шеќерот во прав.
Истурете ја оваа смеса врз изладениот пудинг фил, распоредена насекаде.
Другото тесто исечете го на коцки со иста големина и наредете ги одозгора.
Посипете шеќер во прав и послужете.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.